Project description:
Основната идеја на проектот е да се соберат ЛГБТ организациите во регионот на Балканот и да се промовира идејата на настанот Парада на гордоста и нејзиниот потенцијал за подобрување на животот на ЛГБТ популацијата во овој регион. Балканот е се уште многу конзервативен регион, под големо влијание на религиите, предрасудите и општ недостаток на разбирање за нешто поинакво или некој поинаков.
Главните цели на проектот се:
- Зајакнување на капацитетите на локалните ЛГБТ граѓански организации за застапување за правата на ЛГБТ популацијата и подобра услуга за нивните потреби и интереси;
- Да се промовира настанот парада на гордоста како форма за постигнување на посакуваните промени;
- Да се создаде платформа за соработка во врска со настаните за парадите на гордоста во регионот, со цел да се мобилизираат повеќе луѓе за настаните и да се зголеми видливоста.
Организација за координација на проектот: LGB Youth support group “COME OUT” од Нови Сад, Србија
Партнерски организации на проектот: Субверзивен Фронт од Скопје, Македонија
Thessaloniki Pride од Солун, Грција
PINK Embassy од Тирана, Албанија
Доделениот грант за проектот “Градење на регионална ЛГБТ заедница – Балканска парада на гордоста 1” е 54,665 евра.