Project name:

Користење на европски процеси за интеграција за унапредување на правата на ЛГБТ заедницата во Западен Балкан

Project description:

Главната цел на програмата е да се унапреди почитувањето и признавањето на човековите права на ЛГБТ лицата во земјите од Западен Балкан, со користење на процесот на пристапување од ЕУ како фокусна точка за насочено застапување базирано на докази.

Клучни актери: Овој проект е имплементиран од страна на Sarajevo Open Center, со седиште во Босна и Херцеговина, под менторство на ИЛГА – Европа. Организациите кои учествуваат во програмата се Субверзивен фронт (Македонија), Центарот за еднаквост и слобода (Косово), Лабрис (Србија) и CURE Фондација (Босна и Херцеговина). Активистите од хрватските организации ќе обезбедат менторство во областа на документација на кршење на човековите права и во формулирањето на активности за секоја земја посебно врз основа на нивните искуства со процесот на пристапување во ЕУ.

Цели и Задачи: Овој проект има за цел ефикасно да го искористи процесот за пристапување во ЕУ за да ги подобри правата на ЛГБТ луѓето во Западен Балкан  со помош на остварување на следните главни цели:

  1. Зајакнување на капацитетите на организациите за правата на ЛГБТ луѓето;
  2. Зголемување на застапувањето базирано на докази во работата на организациите;
  3. Застапник за ЛГБТ правата на европско и национално ниво.

Активности за проектот: Со цел да се постигнат поставените цели, ние замислуваме два типа на активности: оние во кои ќе партиципираат сите организации и активности за секоја земја посебно во врска со проширувањето на ЕУ. Во прилог на активности во рамките на овие две категории, ИЛГА Европа ќе спроведе акција за застапување кон ЕУ во име на земјите од Западен Балкан.

  1. Градење на капацитетите, обука за документација и средби за делење на информации
  2. Придонесување кон онлајн ресурсите

Резултат 1: Подобрување на квалитетот на иницијативите на организациите и внатрешните процедури.

  1. Документирање на кршење на ЛГБТ правата
  2. Обезбедување и промовирање на бесплатен правен совет за локалната ЛГБТ заедница

Резултат 2: Зголемен обем на документација и услуги за правна помош.

  1. Пишување на годишни придонеси за европскиот извештај за напредок
  2. Активности на ниво на една земја или индивидуални активности
  3. ИЛГА акција за застапување

Резултат 3: ЕУ и националните чинители се подобро опремени да ги користат нивните ресурси за подобрување на состојбата на ЛГБТ човековите права во целните земји

Време на извршување на програмата: 1 октомври 2015 до 31 декември 2017 година

Програмата е финансиски поддржана од Бирото за демократија, човекови права и труд на Стејт Департментот на САД со буџет од 332,000.00 УСД

 

Субверзивен Фронт, Скопје, Македонија

Овој проект има за цел да одговори на потребата за признавање и експлицитна законска заштита на случаи на вознемирување и малтретирање засновано на сексуална ориентација и родов идентитета и говор на омраза / злосторство од омраза меѓу релевантните засегнати страни, како што се државни органи надлежни за заштита и спречување на криминалот, превенција и заштита од дискриминација, законодавците, како и да се подигне свеста за вознемирување и малтретирање засновано на сексуална ориентација и родов идентитет и говор на омраза / злосторство од омраза .

Специфичните цели на проектот се:

  1. Да се креира анализа на македонското законодавство за антидискриминација за сексуална ориентација и родов идентитет и негово усогласување со законодавството на ЕУ и други меѓународни стандарди за човекови права
  2. Да се изготват измени и дополнувања на македонскиот Кривичен законик и Законот за прекршоци за регулирање на говорот на омраза / злосторство од омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.
  3. Да се залага за анти-дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет и криминал од омраза / говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Проектни активности

  1. Анализа на македонското законодавство за анти-дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет и негово усогласување со законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди за човекови права.
  2. Изготвување на измени за македонскиот Кривичен законик и Законот за прекршоци за злосторство од омраза / говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.
  3. Активности за застапување поврзани со борбата за анти-дискриминацијата и злосторство од омраза / говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Времетраење на проектот: 01.01.2016-31.12.2016
Буџет: 25,000.00 долари