Project description:
Опис на активности:
– Развивање и зајакнување на капацитетите на државните службеници од сите 15 министерства на македонската влада за недискриминација, говор на омраза и сензибилизација во работењето со лица кои се од сексуални и/или родови малцинства,
– Развивање и зајакнување на капацитетите на вработените во јавниот сектор (здравствени работници, полициски службеници, судии, обвинители, адвокати, социјални работници, вработени во агенциите за вработување и сл.) за недискриминација, говор на омраза и сензибилизација во работењето со поединци од заедницата на сексуални и родови малцинства,
– Развивање на капацитети за спроведување, организирање и оценување на програми за обука за недискриминација и сензибилизација во работењето со лица од заедницата на сексуални и родови малцинства меѓу државните службеници и вработените во јавниот сектор,
– Развивање интерес, ентузијазам и посветеност кај државните службеници што ќе ги наведе да преземат активности за создавање, усвојување и спроведување на Национална стратегија за сексуални и родови малцинства и Национален акционен план за сексуални и родови малцинства во Северна Македонија и
– Давање услуги за директна поддршка на најмалку 100 лица од заедницата на сексуални и родови малцинства преку:
– вклучување, вклученост и интеракција во заедницата,
– бесплатна психосоцијална поддршка и советување со цел да се намалат негативните психосоцијални исходи на лицата од заедницата на сексуални и родови малцинства,
– подигнување свесност за правата на сексуалните и родови малцинства преку алатки и активности за подигнување на свесноста и
– бесплатна правна помош и советување со цел да се одговори на кршењето на човековите права на лицата кои се сексуални и/или родови малцинства.
Времетраење:
Датум на спроведување: 12/2018 до 12/2021 година
Буџет:
899 955 NOK
Донатор на проектите е норвешкото Министерство за надворешни работи, а грантот го управува Норвешкиот хелсиншки комитет.