Project description:
Во Македонија, ЛБТ жените обично треба да ја кријат својата сексуална ориентација или родов идентитет доколку сакаат да учествуваат во спортските клубови. Како резултат на ова вклученоста во ЛБТ заедницата е многу мала и ЛБТ жените немаат простор и место каде што ќе можат да ги споделат своите проблеми и потреби и да добијат поддршка една од друга.
Субверзивен фронт ќе работи на овој проблем со воведување на ЛБТ кошаркарска група во склоп на својата организација и ќе ги изведе следните активности:
- Летен камп во август за 15 ЛБТ жени кои се страствени за спорт, посебо за кошакра;
- Неделни тернинзи отворени за сите ЛБТ жени;
- Натпревари со други ЛБТ тимови од Балканот (еден натпревар во Белград и еден натпревар во Подгорица);
- Онлајн кампања за да се зголеми видливоста за проблемите кои ЛБТ жените ги среќаваат додека се занимаваат со професионален спорт.
Овој проект е поддржан од ПланетРомео фондацијата.
Датум: 01.06.2018 до 31.05.2019.
Буџет: 5000 евра