Project name:

Гласај за еднаквост

Project description:

Целта на овој проект е да се изнесе темата за еднаквост на ЛГБТИ луѓето во јавната политичка агенда на изборите во декември 2016 година. Овој проект е дел од една поширока стратегија за поттикнување на поголемо политичко учество на ЛГБТИ луѓето на Балканот како регион, и во Македонија, како средство за напредок кон еднаквост. Субверзивен фронт, Лабрис, и Виктори ќе соработуваат на овој проект и сите активности и акции ќе бидат брендирани под иста тема -кампања “Гласај за еднаквост”.

Проектот ќе започне со развивање на анализа за програмите на политичките партии кои ќе се вклучени во изборите во декември 2016 година во Македонија, посебно нивното вклучување на специфичните потреби на ЛГБТИ популацијата. Ова ќе биде направено преку испраќање кратки прашалници до претставниците на политичките партии.

Откако податоци ќе се соберат, ќе биде објавен компаративен извештај на веб-страница за кампањата со цел да се користи како алатка за застапување и за едукација на гласачите, овозможувајќи транспарентност и информираност при одлучување за гласање. Првичните наоди од анализата, исто така, ќе бидат претставени на политичките партии за време на затворениот состанок во рамките на Форумот на граѓанското општество. Овој форум ќе овозможи отворен простор на политичко учество на ЛГБТИ луѓето и ќе има за цел да изгради мостови меѓу граѓанското општество и политичките партии. Исто така, ќе има дел од форумот отворен за јавноста.

Кампањата Гласај за еднаквост ќе ја прикаже анализата на програмите на партиите преку веб-сајт. Поточно, ставот на секоја партија на одредени ЛГБТИ прашања ќе бидат прикажани на непристрасен начин, така што гласачите можат да ги користат информациите за да се едуцираат. Анализата нема експлицитно да одобрува било кој кандидат. Резултатите ќе бидат поддржани од страна на резултатите од анализата на програмите на политичките партии, и краткиот прашалник спроведен претходно.

Оваа акција ќе промовира информирани гласачи меѓу ЛГБТИ популацијата и општата јавност, и ќе ги зајакне заложбите на политичките партии за да се вклучат потребите на ЛГБТИ луѓето во нивните програми. Поради добриот тајминг, кампањата ќе го покажае ЛГБТИ движењето како кохезивна група на информирани гласачите кои партиите треба силно да ги размислуваат како база на гласачи. Ова ќе ги охрабри да ги поддршат инклузивните политики и да прифатат што повеќе ЛГБТИ лидери во нивните структури.

Кампањата ќе биде промовирана преку социјалните медиуми како што се Фејсбук и Твитер, со цел да се насочи повеќе сообраќај кон веб страната. Оваа кампања, исто така, ќе биде презентирана и рекламирана за време на конференцијата што е организирана од С-Фронт и оддржана на 5 декември 2016 година, наречена “1-ва Национална ЛГБТИ конференција – зајакнување на политичкиот дијалог за ЛГБТИ заедницата во Република Македонија”. Овој тајминг е стратешки, бидејќи тоа е една недела пред изборите на 11-ти декември, со што ќе се донесе внимание на платформите на политичките кампањи во клучно време кога гласачот донесува одлука.

И на крај, по изборите сличен извештај ќе биде објавен за новоизбрани функционери, така што граѓаните ќе можат да бидат свесни за формалните мислењата на нивните службеници. извештајот, исто така ќе се користи како алатка за застапување, дозволувајќи им на ЛГБТИ групи да ги пратат политичките партии околу било кои обврските и ветувањата дадени за време на кампањата.

Генерално, официјалната документација на партиските програми како алатка за застапување и за едукација на гласачите, како и отворањето на места и видливоста преку Форумот за граѓанско општество и Националната ЛГБТИ конференција, ќе ни помогнат во постигнување на нашата цел за покренување на темата еднаквост за ЛГБТИ луѓето во јавната политичка агенда на изборите во декември 2016 година.

Доделениот грант за проектот е 281,046 денари, а времетраењето на проектот е од 16 март – 31 Декември 2016 година.