Project description:
Општа цел:
- Да се промовира и залага за заштитата на човековите права и основните слободи на лезбејките, геј мажите, бисексуалците, трансродните лица и интерсексуалците (ЛГБТИ) во Западен Балкан и Турција
Специфични цели:
- Да се зајакне улогата на ЛГБТИ граѓанските организации во Западен Балкан и Турција во процесот на застапување и промовирање на заштита на ЛГБТИ човековите права и да се влијае врз процесите на реформи во јавниот сектор.
- Да се залага за ЛГБТИ човековите права во Западен Балкан и Турција на европско ниво
- Да се развијат на капацитетите на ЛГБТИ граѓанските организации со цел да се изгради и спроведуведе стратешки пристап кон вмрежување и проширува (интер) регионална соработка.
Главни активности:
- Спроведување на Регионална студија за изводливост,
- Развој на четири-годишен стратешки план и годишна програма за работа за 2016 година;
- Основање и регистрација на ЛГБТИ асоцијации од Западен Балкан и Турција;
- Застапување, видливост и комуникациски активности;
- Развој и спроведување на план за мониторинг и евалуација;
- Ревизија верификација / расходите
Координатор на проектот: Лабрис – Организација за лезбејски човекови права – Србија
Партнери во проектот: Гејтен ЛГБТ – Република Србија, Дуга асоцијација – Република Србија, ЛГБТ младинска група за поддршка “Излези” – Република Србија, комитет за човекови права правници “ЈУКОМ” – Република Србија, ГООСИ- Геј организација за лица со попреченост – Република Србија, Сојуз против дискриминацијата на ЛГБТ – Албанија, ПИНК амбасада / ЛГБТ Про Албанија – Албанија, Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници – Република Македонија, Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста “Субверзивен фронт” – Република Македонија, ЛГБТ Форум за напредок – Црна Гора, Каос Геј и Лезбејски културни истражувања и асоцијација за солидарност – Турција.
Времетраење: јануари 2015 – декември 2015 година
Доделениот грант за проектот е 87 950,00 евра.