Project description:
Целите на јавната акција „ЛГБТИјада и изложба во рамките на Недела на гордоста 2014“ се:
- Да се зголеми свесноста на општата публика за ЛГБТИ заедницата, нејзините предизвици и положба;
- Да се фасилитира интеракцијата со клучните засегнати страни во општеството: државните институции, медиумите, граѓанските организации, како и самата ЛГБТИ заедница;
- Да се пренесе пораката на поддршка и солидарност кон ранливите и маргинализирани групи во општеството;
- Да се обезбеди инструмент за политичко и уметничко изразување на ЛГБТИ заедницата;
- Да се зголеми досегот на воспоставената граѓанска платформа против хомофобија и трансфобија;
- Да се постават основи за организација на слични настани во иднина.
Активностите на Неделата на гордоста 2014 се поделени во два дела:
- Aктивности за зголемување на свесноста на општата јавност и на одлучувачите,
- Aктивности за мобилизација на ЛГБТИ заедницата.
Временска рамка:
- Изложба на квир уметници и фотографи – 28 јуни 2014
- Завршен настан „ЛГБТИјада“ – 29 јуни 2014
Буџетска рамка: 1500,00 УСД
Подносител: Субверзивен Фронт – Скопје