Project description:
Главната цел на проектот е да се зголеми јавната свест во борбата против хомофобијата и хетеросексизмот својствени на македонското општество.
Краткорочни цели на проектот:
- Воспоставување на мрежи и платформи за зголемана мобилизација, соработка и солидарност меѓу граѓанските организации во борбата против хомофобијата
- Обезбедување на поддршка од медиумите, граѓанските организации, државните институции и граѓанското општество
- Поттикнување на граѓанскиот ЛГБТ активизам и учество во борбата против хомофобијата
Главни активности
- Создавање на платформа за борба против хомофобијата ( “Мрежа против хомофобијата”)
- Организирање и спроведување на јавна кампања преку ширење на промотивен материјал, организирање на јавни дебати и флеш-моб настани
- Организирање и спроведување на медиумска кампања преку гостување во радио емисии, поставување на плакати на билборди, обезбедување поддршка од ТВ новинари со носење маици за време на ТВ пренос, и лансирање на кампањи на социјалните медиуми.
Организација за координација на проектот: Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста – Субверзивен фронт Скопје
Партнерска организација на проектот: Коалиција “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници”
Времетраење на проектот: октомври 2013 – мај 2014 година
Проектот е финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија со буџет од 9,100.00 долари