Project description:
Проектот е подржан од програмата Еразмус+ и е со рок на имплементација од 2 години. Активностите ќе се спроведуваат во 4 земји (Велика Британија, Грција, Шпанија, Северна Македонија) и ќе вклучуваат 2 групи на учесници: (а) наставници во основни и средни училишта родители со деца на училишна возраст.
Специфични цели на проектот се:
- Да се градат капацитетите на наставниците и да се подигне свеста на родителите за родово базирана дискриминација и да се обезбедат средства за промена на училишните култури што придонесуваат за дискриминација на учениците.
- Воведување на иновативни методи и алатки за градење на капацитетите на наставниците и информирање на родителите за тоа како да се реагира на инциденти на родово базирана дискриминација.
- Да се промовира соработка и заеднички напори меѓу наставниците и родителите и да се изгради модел на соработка, користејќи разни заеднички активности.
- Намалување на психолошкото и едукативното влијание на родово базираната дискриминација врз учениците.
- Создавање поттик за образовните институти да го усвојат пристапот од проектот по затворањето на проектот.