Project name:

Градење на капацитетите на младинските работници во обезбедувањето на услуги за ЛГБТ младите

Project description:

Цели и задачи

Главната цел на проектот:

  • Да се зголеми соработката на младите од пет земји, за тие да ги зголемат своите знаења и вештини за соодветна и сенсибилна работа со ЛГБТ луѓето, преку неформално образование, со цел да се направи значителен напредок во решавањето на проблемите на оваа ранлива популација на регионално ниво.

Специфични цели:

  • Во период од 6 месеци, да се зголемат знаењата и вештините на младите работници за адекватен пристап за работа и поддршка за ЛГБТ луѓето.
  • Во период од 6 месеци, да се напише прирачникот за младински работници, кој ќе им овозможат соодветни знаења и вештини за правилен пристап за справување со ЛГБТ луѓето.
  • Во период од 12 месеци,  да се зголеми учеството на младите работници во ЛГБТ активизам. Во период од 3 месеци да се зголеми информирање на носителите на одлуки, медиумите, донаторската заедница и општата јавност за резултатите од проектот.

Сите проектни активности ќе бидат групирани во 5 циклуси:

  • Подготвителни активности за проектот.
  • Покана и избор на учесниците.
  • Организирање на обуки.
  • Подготовка и дистрибуција на печатен водич за младински работници.
  • Организацијата на конференцијата.

Координатор на проектот: Асоцијација Дуга – Србија

Партнери во проектот: Субверзивен фронт – Македонија, Бонсаи – Хрватска, Завод за заштита на човековите права “Независни” – Босна и Херцеговина, ЛГБТ форум “Прогрес” – Црна Гора

Времетраење: Август 2016 – Август 2017

Доделениот грант за проектот е 53.560 евра.