Project name:

“Истражување за вознемирувањето и малтретирањето засновани на сексуална ориентација и родов идентитет меѓу младите во Скопје, Македонија

Project description:

Целта на проектот е да ја мапира состојбата на перцепциите и ставовите на младите во Скопје за вознемирувањето и малтретирањето засновани на сексуална ориентација и родов идентитет меѓу нив, со цел да се развие база на знаење, која може да се користи за дизајнирање на кампањи или застапување, или развој на обуки / работилници / тренинг алатки на теми поврзани со ЛГБТИ.

Клучните целни групи се ЛГБТИ млади (возраст од 18-30 години од Скопје) и младите во секојдневниот живот (на возраст од 18-30 години) од Скопје, исто така.

Клучните активности вклучуваат собирање на примарни податоци за состојбата со вознемирувањето и малтретирањето засновани на сексуална ориентација и родов идентитет преку спроведување на прашалник со две целни групи, фокус групи со одреден број на млади ЛГБТИ луѓе, квалитативна и квантитативна анализа на собраните податоци, подготвување и пишување на резултатите од истражувањата во истражувачки извештај, спроведување на застапување и кампањи за подигање на свеста со користење на истражувачкиот извештај, инфографик со резултатите од истражувањето и 2 страни за препораки на политиката.

Организација за координирање на проектот: Субверзивен Фронт, Скопје, Македонија

Партнерска организација: Младински образовен форум, Скопје, Македонија

Грантот доделен за проектот “Истражување за вознемирувањето и малтретирањето засновани на сексуална ориентација и родов идентитет меѓу младите во Скопје, Македонија”  е 12.700 евра.