Застапување и влијание врз политика

Субверзивен фронт препознава дека структурните фактори, како што се полисите, законите и политиката, влијаат на животот на сексуалните и родовите малцинства во Северна Македонија. Со оглед на тоа, последната стратешка област на работа на Субверзивен фронт е да се залага за политики и закони кои се однесуваат на потребите на заедницата на сексуални и родови малцинства и ја гарантираат нивната заштита. Ние тесно соработуваме со владините службеници за да осигураме дека гласот на заедницата на сексуалните и родовите малцинства е соодветно претставен на прашања и полиси кои се важни за да живеат слободно и автентично. Во оваа стратешка област, Субверзивен фронт користи наши и истражувања од други НВО, за поддршка и создавање на соодветни и доказно-базирани полиси. Во моментов, Субверзивен фронт работи со Министерството за труд и социјална политика на застапување на потребите на заедницата на сексуалните и родовите малцинства, одржува состаноци со парламентарните претставници за да ги информира за прашањата на заедницата на сексуалните и родовите малцинства и учествува во релевантни иницијативи и процеси за креирање полиси.