Демократски сојуз е политичка партија која себеси се прокламира како партија на редот и поредокот. Основана е на 25 март 2000 г. во Скопје.
Предмет на анализа кај оваа политичка партија беше изборната програма: „Промени, правда, прогрес 2016-2020“, во која човековите права и слободи се опфатени во самиот вовед од програмата, не и како самостојно поглавје.
Сексуалната ориентација е опфатена во делот на „Професионални и независни медиуми“ и тоа како: „Поддршка на иницијативите на здруженијата и синдикатите на новинарите за целосна декриминализација на клеветата и навредата, но истовремено и почитување и заштита на вистината и човековото достоинство, на интегритетот и дигнитетот на човекот, без оглед на расна, политичка, етничка, родова, верска, социјална, или сексуална припадност“, меѓутоа и во делот на „Образовен систем“ со тоа што намерата е да се воведе задолжително сексуално образование во основните и средни училишта.
Дали сметате на гласовите на ЛГБТИ-луѓето и зошто мислите дека тие треба да ја поддржат Вашата политичка партија и да гласаат за Вас?
Одговор: Нема
Прашалникот може да го преземете овде