ДУИ - Демократска унија за интеграција


Демократската унија за интеграција е формирана на 5 мај 2002 година во Тетово, три месеци пред одржувањето на парламентарните избори во 2002 година. Предмет на оваа анализа во недостиг на одговори на прашалникот доставен од Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен Фронт“, беше изборната програма „Bashkë vendosim“ за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември 2016 година.

Во програмата „Bashkë vendosim“ на Демократската унија за интеграција, ЛГБТИ-лицата никаде директно не се споменати. Речиси на крајот од самата програма, на стр. 223, во делот „Жените и здравјето“ се споменува „подготовка и спроведување на програми за образование за сексуално и репродуктивно здравје прилагодени на жените и девојчињата од различни возрасти, тинејџери, жени кои живеат во руралните области, ризичните групи“ и „образование и психо-социјална поддршка кон ранливите групи и едукација за новите мајки да ги одгледуваат децата и нивното право да се развие психо-социјална поддршка“. Притоа, нејасно е дали во програмите за сексуално и репродуктивно здравје ќе има содржини поврзани за сексуалната и родовата различност, и дали образованието и психо-социјалната поддршка ќе биде наменета и за ЛГБТИ-лицата.

Дали сметате на гласовите на ЛГБТИ-луѓето и зошто мислите дека тие треба да ја поддржат Вашата политичка партија и да гласаат за Вас?

Одговор: Нема

Прашалникот може да го преземете овде

Учествувај во кампањата


Спроведено од

Поддржано од

и

+389 2 6139874