ЛП - Либерална партија


Либерална партија на Македонија е политичка партија со либерална ориентација која се појавува на политичката сцена во Република Македонија како политички наследник на Либералната партија. Оваа партија е основана на 23 декември 1999 во Скопје.

За потребите на оваа анализа, претседателот на Либералната партија, г-ин Ивон Величковски го одговори прашалникот кој беше доставен од страна на Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста Субверзивен Фронт од Скопје. Исто така, беше извршена и анализа на Програмската декларација/Доктрина на ЛП насловена „Пресврт 2018“. Во сегментот „МИСИЈА“ од програмската декларација е опфатено владеење на правото што гарантира остварување на човековите основни права и слободи, но затоа пак во Поглавје 4 „ОТВОРЕНО И ИНТЕГРАТИВНО ОПШТЕСТВО“, опфатена е слобода на избор на сексуалната ориентација со акцент на: „Надминување на предрасудите кон ЛГБТИ-заедницата и насилството кон припадниците на оваа маргинализирана група низ воспитно-образовниот процес во кој се признаваат модерните научни, социолошки и здравствени дефиниции, наместо оние од пред повеќе од пет децении.“, но и „Неподготвеност на општеството за изедначување на традиционалниот со истополовиот брак, но потенциранаат на доследност на определбата за законско овозможување на истополовото регистрирано партнерство.“

Главните заклучоци од добиените одговори на прашалникот се однесуваат на ставовите дека ЛП:

  • Ќе поддржи воведување на содржини поврзани со ЛГБТИ-прашањата како дел од веќе постоечки предмети од наставната програма на средните училишта, со цел да ја зголеми толерантноста и социјалната вклученост и да ја намали дискриминацијата и насилството кон ЛГБТИ луѓето
  • Јавно се залага за воведување на поимот злосторство од омраза во Кривичниот законик на Република Македонија, што, меѓу другото, ќе овозможи построги казни за кривични прекршоци извршени врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет
  • Ќе поддржи воведување на сексуална ориентација и родов идентитет како заштитени карактеристики во досегашниот Закон за спречување и заштита од дискриминација
  • Ќе поддржи иницијатива за законски измени со кои ќе се овозможи менување на полот за трансродовите луѓе на нивните официјални документи и документи за идентификација
  • Веќе има предложено во Програмската декларација Доктрина „Пресврт 2018“ измени и дополнувања на Законот за семејство за регулирање на вонбрачната заедница со цел воведување на регистрирано партнерство за истополовите двојки
  • Има ЛГБТИ-лица на кандидатските листи за изборите

Дали сметате на гласовите на ЛГБТИ-луѓето и зошто мислите дека тие треба да ја поддржат Вашата политичка партија и да гласаат за Вас?

Одговор: Првин, не правиме разлика помеѓу граѓанин и припадник на ЛГБТИ-заедница. Второ, затоа што секој што прави разлика всушност ги става разликите на прво место и бега од граѓанскиот концепт. Трето, нашата понуда е јасна. Одговорите на горенаведените прашања даваат јасна слика за нашата позиција по овие прашања. Нашите понуди сме ги декларирале без да очекуваме избори. Четврто, затоа што на кандидатските листи имаме луѓе кои се идентификуваат како припадници на ЛГБТИ-заедницата.

Прашалникот може да го преземете овде

Учествувај во кампањата


Спроведено од

Поддржано од

и

+389 2 6139874