Левица


Левица е политичка партија со јасно нагласена левичарска идеологија, а истата е формирана на 6 февруари 2016 г. во Скопје.

Предмет на анализа кај оваа политичка партија беше Програмата на Левица, во која, во поглавјето на човековите права – брана од државната власт, е наведено дека Левица се залага сексуалните и репродуктивните права да бидат загарантирани и еднакви за сите луѓе, Македонија денес е идентификувана како едно од најхомофобичните општества во Европа. А борба против предрасудите креирани од конзервативниот морал и заложба за рамноправен третман на лицата со поинаква сексуална ориентација од мнозинската се приоритети.

Во две поглавја е наведена сексуалната ориентација како основ за недискриминација и тоа во делот на „Културната наобразба за социјално праведно и инклузивно општество“ – треба да е слободна по секоја цена, па дури и неприфаќајќи ја политичката коректност, но таа исто не смее да повикува и содржи расна, етничка, религиозна, сексуална, родова или било каква нетрпеливост, како и во делот на „Спорт“ - категорија која е отворена и достапна еднакво за сите, без разлика на социјална, верска, етничка и сексуална припадност.

Истовремено, Изборната програма на Левица беше предмет на анализа, а официјален претставник на партијата, Гоце Маркоски, го одговори прашалникот доставен од Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен Фронт“ Скопје. Во програмата, на страница 16 јасно е наведено дека Левица работи на надминување на хомофобичните ставови, на дискриминацијата и на стигматизацијата на припадниците на ЛГБТ-заедницата во општеството, како и дека уставно е загарантирана еднаквоста на правата и слободите на граѓаните на РМ и по основ на „сексуална определба“, и дека ограничувањето на нивните слободи и права не може да биде дискриминаторско и по основ на „сексуална определба“. Нејасно е зошто не е употребен терминот „сексуална ориентација“ кој е прифатениот, препознатливиот и инклузивниот термин за дефинирање на романтичната, сексуалната и емоционалната привлечност кон, како и способноста за интимни и сексуални односи со лица од ист пол, различен пол или повеќе од еден пол.

Заклучоците од изнесените ставови на Левица во одговорот на прашалникот може да се сумираат на следниов начин:

  • Левица ќе поддржи воведување на содржини поврзани со ЛГБТИ прашањата како дел од веќе постоечки предмети од наставната програма на средните училишта, со цел да ја зголеми толерантноста и социјалната вклученост и да ја намали дискриминацијата и насилството кон ЛГБТИ луѓето
  • Левица ќе поддржи воведување на сексуална ориентација и родов идентитет како заштитени карактеристики во досегашниот Закон за спречување и заштита од дискриминација
  • Левица ќе поддржи иницијатива за законски измени секаде каде што има дискриминација на ЛГБТИ лицата и цврсто ќе се заложи за санкционирање на насилството врз ЛГБТИ лицата и говорот на омраза, при што телата и комисиите кои ја регулираат оваа сфера конечно да испорачаат резултати
  • Левица би поддржала законска иницијатива за промена на постоечкиот закон кој ќе препознава семејства составени од истополови двојки
  • Левица би поддржала иницијатива за законски измени со кои ќе се овозможи менување на полот за трансродовите луѓе на нивните официјални документи и документи за идентификација

Дали сметате на гласовите на ЛГБТИ-луѓето и зошто мислите дека тие треба да ја поддржат вашата политичка партија и да гласаат за Вас?

Одговор: Левицата секогаш се залага за обесправените, за угнетените, за послабите. Левицата секогаш е за еднаквост, не само формална, туку и суштинска. Левица е доследна на овие левичарски вредности. Затоа Левица обрнува особено внимание на правата и третманот на ЛГБТИ-лицата, како една од најобесправените групи во македонското општество. Свесни сме дека Македонија денес е едно од најхомофобичните општества во Европа. Се бориме тоа да се промени. Се бориме и против предрасудите креирани од конзервативниот морал. За тоа, се залагаме за рамноправен третман на лицата со поинаква сексуална ориентација од мнозинската.

Прашалникот може да го преземете овде

Учествувај во кампањата


Спроведено од

Поддржано од

и

+389 2 6139874