ВМРО-ДПМНЕ - Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единство


Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единство се класифицира како народна партија со демохристијанска ориентација, а е основана на 17 јуни 1990 г. во Скопје.

Предмет на анализа во рамките на оваа политичка партија, а во отсуство на одговор на прашалникот кој беше изработен за потребите на оваа анализа, претставуваа Статутот на партијата и Доктрината кои се јавно објавени на веб страницата на оваа политичка партија. Истовремено, беше анализирана Програмата на ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020 насловена „Реално! - Работа, сигурност, напредок“, објавена во понеделник, 21 ноември 2016.

Статутот на партијата иако опфаќајќи разни сегменти на делување, во ниту еден дел не го споменува основниот принцип на почитување и унапредување на човековите права и слободи. Во поглавјето на цели и задачи на партијата, во статутот е наведено „почитување на правата на етничките малцинства и спротивставување на какви било изрази на нетолеранција, шовинизам или сегрегација врз етничка, јазична или верска основа“, како и „гарантирање на правата на Македонците, кои живеат надвор од границите на Република Македонија, согласно Уставот и меѓународните документи“.

Доктрината пак на оваа политичка партија, која во писмена форма е објавена на нивната веб страница, во ниту еден свој сегмент не ги споменува човековите права и слободи за разлика од статутот кој како идеја „ги гарантира“ на Македонците кои живеат надвор од територијата на Република Македонија.

Во програмата „Реално! - Работа, сигурност, напредок“, ЛГБТИ-лицата никаде не се споменати, ниту сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Во само два предложени проекти - проект бр. 79 и проект бр. 80, се предложени одржување на основни обуки за промоција на концептот на недискриминација и за спречување на говор на омраза, како и изработка на водич за родителите за препознавање на дискриминација во инлузивното образование. Во двата проекта е нејасно дали се опфаќа дискриминацијата заснована на сексуална ориентација и родов идентитет. Во проект бр. 54, пак, се предложува обука за учениците од VIII и IX одделение од основните училишта за сексуално и репродуктивно здравје. Повторно е нејасно дали овие теми ги покриваат и проблемите и потребите на младите ЛГБТИ-лица.

Дали сметате на гласовите на ЛГБТИ-луѓето и зошто мислите дека тие треба да ја поддржат Вашата политичка партија и да гласаат за Вас?

Одговор: Нема

Прашалникот може да го преземете овде

Учествувај во кампањата


Спроведено од

Поддржано од

и

+389 2 6139874