За кампањата


Целта на кампањата „Гласај за еднаквост“ е да ја вметне еднаквоста на ЛГБТИ-луѓето во јавната политичка агенда за, но не и само за парламентарните избори во декември 2016 година. Оваа кампања е дел од пошироката стратегија за охрабрување на поголемо политичко учество на ЛГБТИ-лицата во Балканот како регион, и во Македонија, како инструмент за унапредување на еднаквоста. Уникатниот тајминг на кампањата пред изборите служи за да ги охрабри политичките партии да ја гледаат ЛГБТИ-заедницата како силно гласачко тело и како заедница која треба да вклучат во нивните политики. Кампањата е дел од проектот „Гласај за еднаквост“ поддржан од Виктори Институтот од Вашингтон, САД, кој, покрај кампањата, вклучува и изработка на анализа на политичките програми на партиите за застапеноста на ЛГБТИ-прашањата во нив, како и одговарање на прашалник за застапеноста на ЛГБТИ-лицата во политичката агенда на партиите. Во април 2016 година, Субверзивен Фронт го организираше и првиот форум на граѓанското општество за политичко учество на ЛГБТИ-лицата во РМ.

С-Фронт и Gay & Lesbian Victory Institute


Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста Субверзивен Фронт Скопје, основано во јуни 2013 година, работи во пет стратешки области:

  • Застапување за ЛГБТИ-права
  • Обука и едукација за ЛГБТИ-прашања
  • Истражување и политики за ЛГБТИ
  • Обезбедување на бесплатни услуги на правна помош и советување, како и психосоцијална поддршка и советување за ЛГБТИ-лица и
  • Собирање на средства за ЛГБТИ-проекти и иницијативи.

Некои од клучните достигнувања досега ги вклучуваат:

Институтот за геј мажи и лезбејки Виктори работи на тоа да постигне целосна рамноправност за лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродовите луѓе со градење, поддршка и унапредување на различни мрежи на ЛГБТИ-лидерите. Преку нивните тренинг програми и програми за професионален развој, Институтот Виктори им помага на стотици лица кои сакаат да постигнат влијателна кариера во политиката, владата, бизнис и застапувањето на ЛГБТИ-права секоја година. Многу од обучените на Институтот Виктори се приклучуваат на повеќе од 1.000 отворени избрани и именувани ЛГБТИ-функционери кои се активни во целиот свет. Основана во 1993 година, Институтот Виктори е непартиска, непрофитна, образовна и истражувачка организација.

Повеќе информации за Институтот Виктори може да најдете овде.

Избори 2016


Исходот од парламентарните избори закажани за 11 декември 2016 во голема мера влијае врз понатамошната стабилизација и демократизација на земјата, имајќи ги за цели враќање на владеењето на правото и унапредувањето на човековите права и доброто владеење.

ЛГБТИ-прашањата за првпат после неколку изборни циклуси, заземаат поголемо и позначајно место во политичките програми на неколку партии, и тоа речиси сите од опозицијата. Македонија сè уште нема политичари кои јавно се декларирале како дел од ЛГБТИ-заедницата, што ја сведува политичката застапеност на ЛГБТИ-лицата само во програмите и во дел од говорите и изјавите на малкумина политичари и останати политички актери. Поради кризата која настана со објавувањето на материјалите од масовното прислушување од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање, каде се откриваат сериозни кривични дела и високо ниво на корупција во највисоките ешалони на власта, ЛГБТИ-прашањата и проблемите беа потиснати на маргината од политичката сцена во последниве 2,5 години.

Поради недостигот на доволно добра и соодветна правна рамка за заштитата на правата на овие лица, а и поради загриженоста ваквото status-quo да продолжи, Субверзивен Фронт, заедно со поддршка на Виктори Институтот активно се вклучи во адресирањето на потребата од поголемо учество на ЛГБТИ-лицата во политичката агенда, како и во зајакнато застапување за правата на ЛГБТИ-лицата, посебно во делот на заштитата од нееднаков третман и дискриминација.

Согласно на ова, Субверзивен Фронт активно ги следи случувањата пред, за време на и по парламентарните избори закажани за 11 декември 2016 година, посебно во делот на артикулирањето на интересите и целите на ЛГБТИ-заедницата во јавната и политичката сфера. Следете ја оваа страница за редовно и информирано известување за политичките понуди на партиите во Македонија во пресрет на парламентарните избори 2016 низ призмата на нивно (не)вклучување на ЛГБТИ-прашањата и потребите.

Партии


Прашалник


Прашалникот кој здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен фронт“ го изработи за потребите на анализата на застапеноста на ЛГБТИ-проблемите беше испратен до 31 политичка партија. Од нив, само 5 го одговорија - СДСМ, ЛДП, ЛП, ДОМ и Левица. Прашалникот опфаќа вкупно 15 прашања, кои покриваат неколку важни теми поврзани со правата на ЛГБТИ-лицата. На табеларниот преглед подолу може да ги видите одговорите на првите 10 прашања од прашалникот кои овие 5 партии ги доставија до почетокот на предизборната кампања.

Учествувај во кампањата


Спроведено од:

Поддржано од:

и

+389 2 609 0779