За уставниот амандман XXXIII

Гласањето за уставниот амандман на дефинирање на бракот како заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена во услови на политичка криза, кога опозицијата е надвор од парламентот, кога има бројни прекршувања на Уставот, што стана практика во последните неколку месеци и го деградираше самиот Устав на ниво на парче тоалетна хартија, во услови кога има 25% сиромашни граѓани и 30% невработеност, кога нижиме неславни рекорди во повеќе полиња како слобода на медиуми и ниво на мизерија, а посебно кога ЛГБТИ лицата се честопати изложени на напади и на физичко насилство, кога имаме случаи на напади кои повеќе од две години немаат никаква разрешница од страна на надлежните органи – полицијата и јавното обвинителство, е во најмала рака апсурдно, гротескно и неинтелигентно.
Би сакал да им порачам на предлагачот и на пратениците дека оваа битка им е однапред изгубена, затоа што нас нè има насекаде – правници, економисти, политичари, бизнисмени, трговци, професори, учители, студенти, вработени во јавна администрација, продавачи на пазар, уметници… Нè има Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, нè има стари и млади.
Историјата сведочи дека правдата секогаш била на страната на обесправените, како што беше во случајот со борбата за правата на жените, и во случајот со борбата за правата на црнците. Така е и во нашиот случај.
Нашите победи, колку и да се мали и нечујни, се колосални по своето значење, затоа што сведочат за енормните количини на страв, срам, гнев, бес и лутина кои ги имаме почувствувано, ги симболизираат повредите, траумите и болката кои ги имаме искусено.
Ќе дојде денот кога ваквите политики на дискриминација, на исклучување, на опресија, на заплашување и уценување ќе бидат срушени еднаш засекогаш. Ќе дојде денот кога овие настани ќе сведочат за тоа како граѓаните на оваа земја учеа да бидат политички активни и општествено одговорни. Ќе дојде денот кога ние, граѓаните, ќе победиме!
Антонио Михајлов.