На 30 март 2016 година во Скопје беа прикажани резултатите од првото истражување за силеџиството врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет меѓу младите. Истражувањето имаше за цел да ја мапира ситуација за ставовите и перцепциите на младите луѓе кои живеат во Скопје за малтретирањето и дискриминацијата врз младите ЛГБТИК + луѓе. Наодите од ова истражување покажуваат дека младите ЛГБТИК + луѓе покажуваат повисоко ниво на анксиозност во социјалната интеракција одколку нивните хетеросексуални колеги. Истражувањето исто така покажува дека младите ЛГБТИК + се повеќе склони да чувствуваат депресија отколку хетеросексуалните млади, како и дека тие се со поголема веројатност да скријат приватни, лични информации за себе бидејќи мислат дека е несоодветно, неприфатливо, па дури и забрането.
На карај , истражувањето покажува дека младите ЛГБТИК+ лица мислат дека тие се соочуваат со повисоки нивоа на дискриминација од нивните хетеросексуални колеги. Истражувањето беше спроведено во периодот од септември 2015 година до февруари 2016 од Субверзивен фронт – здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста од Скопје, главниот град на Македонија, во партнерство со најголемата младинска организација во Македонија – Младински образовен форум.