Извештај од истражувањето за дискриминација, насилство и малтретирање врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Овој извештај ги содржи наодите од испитувањето на перцепциите и ставовите на младите од Скопје поврзани со дискриминацијата, насилството и малтретирањето врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, спроведено во периодот септември – декември 2015 година. Наодите од ова истражување ја мапираат состојбата со дискриминацијата, насилството и малтретирањето на младите ЛГБТКИ лица на подрачјето на Град Скопје и укажуваат на потребата од препознавање и адресирање на овој проблем од страна на надлежните органи и останати засегнати страни. Ова истражување беше спроведено од страна на нашиот консултант за истражување – Кристефер Стојановски, кој ја разви методологијата на самото истражување, изврши обработка и анализа на прибраните податоци, и го напиша овој извештај од истражувањето.

Извештајот може да се преземе овде: Извештај-од-истражувањето-за-дискриминација-насилство-и-малтретирање-врз-основа-на-сексуална-ориентација-и-родов-идентитет