ИДАХОБИТ 2016: “Поддржувач на годината” награда доделена за прв пат

На 17ти мај 2016 година беше првото заедничко одбележување на Интернационалниот ден против хомофобија, бифобија и трансфобија (ИДАХОБИТ) во организација на Делегацијата на Европската Унија во Македонија  и канцеларијата на УНДП во Скопје, во соработка со Субверзивен Фронт. Претставниците на ЕУ и на ОН во Скопје спомнаа колку е важно да се посочат ЛГБТИ прашањата во земја каде што не постои државна поддршка за оваа заедница. Антони Михајлов, претседателот на Субверзивен Фронт, напомена дека поразителен е фактот дека ЛГБТИ прашањата се разгледуваат од странски организации и мисии во земјата, а не од страна на надлежните државни органи.

award-ally-of-the-year

ИДАХОБИТ 2016 исто така беше настанот на кој беше доделена наградата “Поддржувач на годината” за прв пат во историјата на македонскиот ЛГБТИ активизам. Наградата, која се доделува на поединци и организации кои имаат значаен придонес во кампањата за еднакви права на ЛГБТИ луѓето во Македонија, му беше доделена на Огнен Јанески, ТВ водител и новинар во македонската национална телевизија “24 Вести”, кој постојано покажува извонредни напори на поддршка и солидарност во борбата против хомофобијата и трансфобијата во Македонија.