Напад врз активистот Бобан Стојановиќ од Белград

Вчера во 15:30 часот во Белград е брутално нападнат Бобан Стојановиќ – активистот за ЛГБТИ права и еден од организаторите на Парадата на гордоста во Белград. Бобан се здобил со лесни телесни повреди во пределот на надлактицата, додека континуирано бил вербално омаловажуван и понижуван од двајцата неидентификувани напаѓачи.

Ова не е прв напада врз Бобан Стојановиќ, а годинава е 5 по ред напад врз ЛГБТИ лице во Србија, според наодите на организацијата „Да се зна“ од Белград, која ги евидентира ваквите акти на насилство и дискриминацијата врз лицата со поинаква сексуална ориентација и родов идентитет. Од овие 5 напади, само 2 се пријавени на полицијата, што сведочи за високото ниво на недоверба кон државните институции. Ова го потврдуваат и првите резултати од истражувањето на Центарот за истражување на јавните политики спроведено во првата половина на 2016 година, според кои, значаен број на испитаници изјавиле дека ретко ѝ се обраќаат на полицијата затоа што не веруваат дека тамошното МВР ќе одговори на нивните пријави.

Нерешавањето на случаите на напади врз ЛГБТИ активист(к)ите во Србија е уште еден доказ за недостигот на политичка волја за казнување на ваквите насилници – реалност која, за жал се отсликува во Македонија и во другите земји од регионот. Потсетуваме дека разрешница на 5 напади врз ЛГБТИ Центарот и активистите во Македонија, меѓу кои има и случаи од 2012 година, сè уште не постои.

Субверзивен Фронт најостро го осудува нападот врз Бобан Стојановиќ и се придружува на повикот на граѓанските организации од Србија до државните институции да прекине системското насилство и дискриминација врз ЛГБТИ лицата како и целосното игнорирање на проблемот со хомофобичното и трансфобичното насилство.

Организации:

Youth Initiative for Human Rights

Gayten-LGBT

ERA – LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey

Civil Rights Defenders

Labris – Lesbian human rights organisation

Konsultacije za lezbejke – Gayten,

DA SE ZNA

Belgrade Pride Parade

Субверзивен Фронт

Извор: Да се зна