Австралиската опозиција поднесе закон за легализирање на истополовите бркови

2000px-lgbt_flag_map_of_australia-svg

Лидерот на Лабуристите во Австралија, Бил Шортен планира да го спречи Парламентот да го покрене прашањето за истополовите бракови референдум. Австралиската опозиција поднесе легислатива до Парламентот за легализирање на истополовите бракови. Тие сметаат дека со усвојувањето на законот, Парламентот ќе ја „докаже својата вредност и ќе ја исполни својата цел на постоење“.

– Денеска можеме да донесеме нови мерки на надеж и среќа во животите на десетици илјади Австралијци на кои предолго, со закон им е забранета љубовта. Зошто децата на ЛГБТИ Австралијците да им биде одбиено формалното признавање на нивните родители – рече Шортен завчера при презентирањето на законот.

Според Шортен, Австралија „заостанува“ зад многу земји кога станува збор за легализацијата на истополовите брекови.

Тој рече дека неговата партија стравува од зголемување на хомофобијата и антигеј однесувањето за време на кампањата за стопирање на легализацијата на истополовите бракови.

Лидерот на Лабуристичката партија Бил Шортен смета дека референдумот само ќе ја зголеми хомофобијата во земјата

– Постои ризик референдумот да стане платформа за предрасуди, но и да се претвори во мегафон на говорот на омраза – рече Шортен.

Законот за истополовите бракови и понатаму предизвикува поделба меѓу политичарите во Австралија.

Десничарскиот премиер, Малком Турнбул се обидува да го избегне парламентарно гласање за ова прашање, поради што сака тоа да биде покренато во јавноста на необврзувачки референдум. На тој начин, Турнбул се обидува да го избегне судирот со сопствените конзервативни пратеници, кои се против ЛГБТ правата.

Шортен смета дека референдумот би претставувал фундаментален неуспех на Парламентот да си ја заврши својата работа. Опозицијата постојано го блокира предлогот за референдум, затоа што смета дека со него само ќе се покренат и подгреваат хомофобичните дебати.

Според планот на Лабуристичката партија, предложениот закон треба да оди директно на гласање во Парламентот, без да се покрене прашањето на референдум. На тој начин  истополовите бракови побрзо ќе се легализираат.