Белградската „Парада на гордоста 2016“, која се одржа под слоганот „Љубовта го менува светот“ денеска заврши во 14 часот. Организаторите порачаа дека тоа е историска прошетка, затоа што за прв пат колоната се движела од Славија до „срцето на градот“.
Почетокот на маршот го прогласи, кумата на Прајдот Мирјана Карановиќ, која рече дека секој треба да најде начин да го симне товарот од грбот и да создаде свој простор на слобода.
– Човечкиот живот е скапоцен, а правото да го живееме слободно е неприкосновено – порача Карановиќ.
Учесниците на Парадата на гордоста за време на прошетката од Славија до Плоштадот на Републиката, запреа на Теразија, кај Споменикот на обесените патриоти, за да изразат солидарност со припадниците на ЛГБТ заедницата ширум светот.
Belgrade Pride 2016! #ljubavmenjasvet #BelgradePride2016 #prajd @free_equal @UNCT_Serbia @UNHumanRights pic.twitter.com/pDk3STyYPi
— Claude Cahn (@ClaudeCahn1) September 18, 2016
– Тука сме за да изразиме солидарност со припадниците на ЛГБТ заедницата од целиот свет кои се напаѓани и тепани затоа што се ЛГБТ – порачаа организаторите.
Пред учесниците се обратија ЛГБТ активисти од Турција, кои на насобраните на Прајдот во Белград им порачаа дека голема работа е тоа што се собрале и оти ЛГБТ правата се универзални.
– Верувајте, ќе биде слободни – порача активистката од Турција.
Организаторите на Парадата на городста на Плоштадот на Републиката изразија задоволство од успешното одржување на годинешната Недела на гордоста и за денешната прошетка низ централните градски улици.
Serbian Eurovision star Bojana Stamenov performs at the #BelgradePride2016 #prajd !! pic.twitter.com/rb45fyEkNw
— Mitjo Vaulasvirta (@MitjoVau) September 18, 2016
Бобан Стојановиќ, еден од членовите на Организацискиот одбор на Парадата на гордоста, по завршувањето на маршот рече дека пред 15 години, при обидот да се организира првиот Прајд во Србија, Плоштадот на Републиката бил „крвав плоштад“ и оти сега е сосема поинаку.
– Секој одржан Прајд за нас претставува најдобар можен ден и порака дека и тука може да се живее – рече Стојановиќ.
Тој ги отфрли критиките на оние кои ја оспоруваат ЛГБТ популацијата и нивната желба да живеат слободно.
– Сакаме да веруваме дека Владата на Србија одлучно ќе реагира на сите хомофобичности и трансфобичности во општетсвото и дека ќе покаже оти насилството не е дозволено – рече Стојановиќ.
Тој додаде дека Прајдот е прзник на сите кои трпат и молчат, почнувајќи од државните чиновници, кои се плашат да останат без парчето леб, па се до сите Роми и лицата со инвалидитет, кои молчат и трпат затоа што се чувствувата како граѓани од втор ред.
Претседателката на Одборот на Собранието на Србија за евроинтеграции, Мариника Тепиќ рече дека Прајдот добил уште една битка – поместен е датумот за одржување на големото фудбалско дерби.
– Тоа е малку за Србија – рече Тепиќ и додаде дека ќе се залага српското Собрание што побрзо да донесе декларација против хомофобијата и да ја усвои националната стратегија против сите видови на дискриминација и насилство.
Министерката за државна управа и локална самоуправа, Ана Брнабиќ, која учествуваше на Парадата на гордоста рече дека манифестацијата покажува дека Србија не е балканска хомофобична земја.
Gay pride parade passes peacefully in Serbia's capital despite fears of attacks by homophobes amid tight security pic.twitter.com/WdVmoYsHMW
— Balkan Newsbeat (@BalkanNewsbeat) September 18, 2016