Двајца средовечни затвореници кои отслужуваат казна во Госпич се првиот хомосексуален пар кој склучил брак во хрватски затвор.
Официјални информации за настанот нема, но загрепскиот весник „Вечерњи лист“, успеал да стигне до некои интересни детали од венчавката.
„Младенците“ до зградата на градската управа биле донесени со возилa за транспорт на затвореници, а од возилата излегле со лисици на раце во придружба на стражари.
На венчавката присуствувале само сведоците и стражарите.
Венчавката требала порано да се случи, но младенците не можеле да пронајдат сведоци.
Матичарката професионално си ја завршила работата, како и стражарите. Сепак, строгите затворски правила не предвидуваат брачните партнери да престојуваат во иста единица, па еден од младенците ќе биде префрлен во друг затвор.