Католичката црква во Мексико, по неодамнешните масовни протести против истополовите бракови, отиде чекор подалеку и го нападна Националниот совет за борба против дискриминација, поради предлогот да се забрани контроверзната терапија за „лечење хомосексуалност“.
Портпаролот на Католичката црква во Мексико, Хуго Валдемар за време на последното гостување во една локална католичка телевизија изјави дека „врз црквата се врши прогон“. Изјавата доаѓа откако Националниот совет ги оцени како „крајно дискриминаторски“ протестите против истополовите бракови.
– Тоа се сериозни работи. Државата сега го одредува сексуалното однесување на граѓаните и го забранува секој обид за враќање во нормална состојба. Државата им забранува на родителите да им помогнат на своите деца да се ослободат од сексуалните проблеми и им забранува на хомесексуалците да се сменат. Ако сакаат да го сменат полот, државата ќе ја финансира таа грозотија. Тоа навистина дијаболично – рече Валдемар, додавајќи дека државата ги затвора сите кои се противат на „геј диктатурата“.
Националниот совет за борба против дискриминација ја повика црквата не ја коменира легитимноста на воведувањето на истополовите бракови. Апелот следеше по нападите од црковните претставници и сродните организации, како што е Националниот фронт на родители, кои покренаа протести против предлогот на мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието да ги озакони истополовите брачни заедници во целата земја.
Иако Католичката црква тврди дека не ги организира и поттикнува протестите, бројни свештеници ги предводеа протестите во одредени мексикански градови, со што ја нападнаа секуларноста државата.
Во меѓувреме, папата Франциск ја поддржа кампањата во Мексико против легалицирање на истополовите бракови.
За време на неделната мисла, папата рече дека ги поддржуува протестите „во полза на семејството и животот, на кои во ова време им е потребно посебно духовно и културно внимание ширум светот“.
Ова не е прв пат папата да зборува против истополовите бракови, иако во 2015 година, наводно го омекна ставот на црквата кон ЛГБТ заедницата.