Полицијата се смеела, додека напаѓачи тепале транс-лице во српскиот град Власотинци

Вработените во полициската станица во српскиот град Власотинци непрофесионално се однесувале кон транс лице, жртва на насилство, кое ја повикало полицијата откако доживеало напад од страна на лица кои веќе неколку пати претходно ја нападнале, соопшти здружението „Егал“.
vanja-vukajlovic_1000x0
Вања Вукајловиќ е транс маж кој живее во Власотинци со свршеницата и повеќе пати доживеал напади од лица, кои им се познати на полицијата, обвинителството и судот, и против кои се поднесени кривични пријави

Вукајловиќ минатата недела, во среда, веднаш по полноќ додека се движел кон пекара во близина на неговата куќа бил пресретнат во тројца мажи кои почнале да го вознемируваат. Еден од нив дофрлил: „Што се случи со тоа од минатата година? Ништо не ни можевте на суд!“.

Напаѓачите почнале да го удираат, а еден од нив го погодил во пределот на десното око.

– Се фатив за глава. Кога ме соборија почнаа да ме шутираат и да ме навредуваат затоа што сум транс лице – изјави Вукајловиќ пред адвокатот на граѓанското здружение „Егал“.

Еден од напаѓачите го удрил Вања во нос и му го раскрвавил, викајќи му „Жено, имаш пи**а, а сакаш да ти зашијат пенис! Веќе ти е речено да седиш на газот и да мируваш за да не биде уште полошо!“

Вукајловиќ за време на нападот гласно повикувал помош, но луѓето кои се наоѓале во пекарата, само го набљудувале настанот.

Во еден момент се појавиле двајца полицајци, кои наместо да ги преземат сите потребни дејности за фаќање на сторителите, почнале да му се смеат на Вукајловиќ. Тој им рекол на полицајците дека доживеал уште еден напад од лицата кои веќе година дена го прогонуваат и напаѓаат. Тој ги замолил да се јави кај свршеницата, но тие му рекле да почека да се јават на колегите за да ги фатат напаѓачите. Полицајците не побарале од Вукајловиќ податоци, туку веднаш рекле дека одат да ги фатат напаѓачите, затоа што тој им соопштил во кој правец заминале. Оттогаш, полицајците воопшто и се немаат јавено на жртвата.

„Иако станува збор за злосторство од омраза, полицијата во Власотинци не презела никакви мерки за фаќање на сторителите, туку Вукајловиќ морал да се обрати во „Егал“ за помош. Адвокатскиот тим на „Егалс’“, ќе ги преземе сите потребни активности за фаќање и казнување на насилниците кои веќе година дена го загрозуваат животот на Вања Вукајловиќ и на неговата свршеница, а посебно внимание ќе посветат на утврдување на одговорноста на полицијата за непрофесионалната работа и ќе бара санкционирање на полицајците“, стои во соопштението на „Егал“.