После 18 години, Виена по втор пат ќе биде организатор на европската „Парада на гордоста“ која секоја година се одржува во еден од европските градови со силна ЛГБТ-заедница.
За таа цел „Хомосексуална иницијатива Виена“ веќе доби финансиска поддршка за организирање на парадата, која ќе се одржи во 2019 година.
– Изборот на Виена за организатор на парадата не беше само одраз на доверба дека ЛГБТ-заедницата може да ја спроведе организацијата на настанот, туку оти и градот Виена ќе даде своја поддршка – изјави Луи Фиделзбергер, претседателка на „Хомосексуална иницијатива Виена.
Годината кога ќе се одржува парадата се одбележуваат два јубилеја. Педесет години од Стонволскиот бунт во 1969 година, кога полицијата со рација во еден геј клуб во Њујорк предизвика спонтани демонстрации кои се сметаат за почеток на бунтот на геј популацијата и борбата за геј правата. Вториот јубилеј кој ќе се обележува е 40 години од основање на „Хомосексуална иницијатива Виена“.
Европската „Парада“ претставува настан кој треба да ја обедини ЛГБТ-заедницата во Европа, како и сите нејзини групи и клубови, поради што организаторите упатија повик за доставување придонес при организацијата. Точки кои секако ќе се најдат на дневен ред се церемонијата на отворање и затворање на манифестацијата, конференција за човекови права и паради во боите на виножитото.