Уругвај е прогласена за латиноамериканска земја со најпријателски однос кон ЛГБТ-лицата

Магазинот „Америкас квартарли“ го објави годишниот индекс за општествена инклузија, кој ги рангира земјите од Латинска Америка врз база на тоа како им служат на своите граѓани. Уругвај се најде на врвот според правата на ЛГБТ-лицата.

Земјата, исто така се најде на првото место на севкупната листа, благодарение на големиот економски пораст, правата на жените и создавањето нови работни места.

– Уругвај продолжува да биде модел за општествена инклузија во Латинска Америка. Прогресот на земјата во последните години по прашањата, како што се правата на жените, поддршката за брачната еднаквост се само дополнување на нејзиниот долгогодишен статус на шампион за егалитарни вредности – вели Брајан Винтер, главен и одговорен уредник на „Америкас квартарли“.

montevideo-uruguay

Хомосексуалноста е легализирана во Уругвај од 1933, а антидискриминаторските закони беа воведени во 2003 година. Во 2009 година беше дозволено хомосексуалните двојки да посвојуваат деца, а четири години подоцна ги одобри и истополивите бракови.

Неодамна, владата на Уругвај им овозможи на трансродните лица правно да го заменат својот род, без да направат хируршка интервенција.

„Едноставно кажано, земјата подобро си ја врши работата во заштитата на своите луѓе, во поглед на нивниот род, сексуална ориентација и раса, за разлика од своите соседи. Уругвајците и даваат голема важност на инклузивноста, како и на робусниот пристап до домување, генерирање нови работни места и економскиот раст.

argentina-gej-prava

Втора на листата се најде Аргентина, која ги легализираше истополовите бракови во 2010 година, со што стана првата латиноамериканска држава која го направи тоа. Во Аргентина геј мажите можат да служат војска, владата забранува терапии за преобратување на овие лица, а минатата година ја отстрани забраната геј лицата да донираат крв.

Владините програми им помагаат на транс жените да играат фудбал, наместо да прибегнуваат кон проституција.
Сепак, активистите влеат дека прифаќањето не значи дека ЛГБТ-лицата се ослободени од дискриминација и насилство во нивните земји.

Аргентинските транс активисти Марцела Чокобар, Коти Илмос и Дијана Сакајан беа убиени минатата година и тоа во период од два месеци. Сакајан била врзана за својот кревет и избодена до смрт.

rankings-xjpg-1477537417

Од друга страна, Ел Салвадор, Никарагва, Хондурас и Гватемала се најдоа на дното на листата.

Религиозната нетолеранција, дискриминацијата и насилството врз геј и трансродните лица се честа појава во овие четири земји.

САД и Панама не се најдоа на листата на „Америкас квартарли“ поради недостиг на информации од неколку извори. Сепак, доколку беа вклучени, САД ќе се најде а на четвртото место, а Панама на 17 место. Венецуела исто така не е вклучена во листата, поради, како што соопштија од магазинот, „загриженоста за веродостојноста на владините информации“.