Поднесено барање во Србија со законот против дискриминација да се опфати и ЛГБТ-популацијата

Српската Коалиција против дискриминација го повика Собранието на Србија да ги усвои измените на Законот за забрана манифестации на неонацистиччи или фашистички организации и забрана за употреба на неонацистички или фашистички симболи и да ја прошири забраната за дискриминација и кон ЛГБТ-заедницата.

Со измените би се забраниле спонтаните или организираните собири на кои се поттикнува омраза, нетрпеливост или дискриминација кон ЛГБТ-заедницата, стои во соопштението на Центарот за унапредување на правните студии.

sobranie srbija

Коалицијата против дискриминација наведува дека таквите измени на законот се посебно важни имајќи ја предвид правосилната пресуда на Апелацискиот суд во Белград, со која Младен Обрадовиќ и останатите припадници на „Образ“ се ослободено од одговорност за подготвување насилство врз учесниците на Парадата на гордоста во 2010 година.

Законот за забрана на манифестации на неонацистички или фашистички организации и здруженија и забраната за употреба на неонацистички или фашстички симболи и обележја е усвоен во 2009 година и ги дефинираше манифестациите, обележјата и симболите така што се однесуваат само на омраза, нетрпеливост или дискриминација кон припадници на народ, национални малцинства, цркви или верски заедници.

„Поради непотполната дефиниција не може да се примени на случаи кога припадници на организирани групи, се собираат, шират омраза или истакнуваат симболи насочени кон припадниците на ЛГБТ-заедницата“, стои во соопштението.

Коалицијата против дискриминација бара српското Собрание да ја „исправи грешката“, посебно имајќи ја предвид ослободителната пресуда за примена на насилство на Парадата од 2010 година, со која нема да се утврди оговорност за сите оние кои поттикнувале омраза и организирале насилство кон граѓаните на Србија таа година.

belgrad-parada

Во соопштението се потсетува дека пратеничката Мариника Тепиќ поднела предлог за измена на законот, а Коалицијата смета дека српскиот парламент мора да ги стави на дневен ред препораките за подобрување на човековите права на ЛГБТ-заедницата, изнесени во заклучоците од заеднички седница на Комитетот за човекови и малцински права и родова еднаквост и Комисијата за европска интеграција, одражана во септември.

Коалицијата против дискриминација ја сочинуваат Центарот за унапредувањето на правните студии, „Цивил рајтс дифендерс“, „Лабрис“, организација за човековите права на лезбејките, ЧРИС – Мрежа на комитети за човекови права, Здружението на студентите со хендикеп, „Гејтен ЛГБТ“, „Праксис“ и Регионалниот центар за малцинства.