Мексико: Кардинал јавно се извини за изјавата: „машкиот анус не е создаден за да прима“

Мексиканскиот кардинал Ноберто Ривера Карера формално се извини поради тоа што ги осудил истополовите бракови и геј сексот, велејќи дека „анусот на мажите не е создаден за да прима“.

Изјавата на кардиналот следеше откако претседателот на Мексико Енрике Пена Нието во мај соопшти дека сака да ги официјализира истополовите бракови на целата територија на земјата.
norberto-rivera-carrera

Во јуни, мексиканскиот Врховен суд соопшти дека властите во мексиканските држави мора да го „признаат бракот како човеково права и оти луѓето можат да стапат во брак без било каква дискриминација“.

Сепак, одлуката на Уставниот суд не беше обврзувачка за сите мексикански држави, по што следеа серија протести во повеќе градови во земјата од хомофобичните групи кои се борат против брачната еднаквост.

Карера изјави дека законот за брачна еднаквост е „страшно забивање нож в грб“ и ги повика мексиканските ЛГБТИ-лица да апстинираат од секс.

– Анусот на мажот не е создаден за да прима – напиша кардиналот Карера за неделникот „Десде ла Фе“.

_91161431_035234992-1

Откако по ваквата изјава стана мета за потсмев кај ЛГБТИ-активистите и либералните политичари, кардиналот објави извинување до ЛГБТИ-заедницата во име на Архиепископијата на Мексико.

– Ако во одреден момент имам употребено несоодветен израз, знајте дека не ми била намерата да навредам – рече кардиналот Карера.

Тој рече дека во црквата ги прифаќаат лицата кои „чувствуваат привлечност кон истиот пол“ и оти свештениците не можат сè да знаат.

– Не треба да се очекува свештениците да знаат сè што треба да се знаат, многу често и тие треба да подразмислат за одредени теми – рече Кардиналот