„Монтенегро прајд“ ќе се одржи на 17 декември

prajd-crna-gora

Четвртата Парада на гордоста на LGBTIQ-лицата, „Монтенегро прајд“ ќе се одржи на 17 декември, одлучи Организацискиот одбор на настанот кој ја подига видливоста на лезбејките, геј, бисексуалните, транс, интерсексуалните и квир лицата, соопшти црногорската LGBTIQ-асоцијација „Квир Монтенегро“.

Како што соопштија од организацијата, во пресрет на Парадата на годоста, ќе биде организирана и манифестацијата „Недела на гордоста“, која подразбира низа културни и забавни програми, промоции на црногорски и странски автори.

„Организацискиот одбор на четвртиот ’Монтемегро прајд’ ја осмисли манифестацијата ’Недела на гордоста’ во манир на современите и модерни начини на промовирање на квир културата и уметностите, кои пред се во служба на граѓаните и граѓанките на Подгорица и на Црна Гора“, стои во соопштението.