Осумнаесетгодишен навивач на ОФК Белград избодел тројца припадници на обезбедувањето на белградскиот геј клуб „Плежр“, јавуваат српските медиуми.
Осомничениот со уште неколку другари во неделата наутро, околу 4.30 часот дошол пред клубот и почнал да се расправа со обезбедувањето.
– Групата навивачи веднаш по доаѓањето пред „Плежр“ почнала го навредува обезбедувањето. Се претпоставува дека со нив од претходно имале нерасчистени сметки. После пцостите и взаемните закани почнала физичката пресметка на навивачите со обезбедувањето. На сите страни летаа шишиња и стаклени чаши – вели очевидец на настанот.
Еден од момче од групата навивачи извадил нож и тргнал да го боде обезбедувањето на клубот.
– Почна да мавта со сечилото и да боде кого ќе стигне. Во општиот хаос навивачот избодел в рака 36-годишник и расекол 23-годишно момче од обезбедувањето. Тие се префрлени во Ургентен центар каде им е укажана лекарска помош, додека третиот редар минал со полесни повреди – велат извори од полицијата.
Набрзо на местото на инцидентот пристигнала полициска патрола и ги уапсила навивачите.
– Се испитува можноста дека навивачите сакале да влезат во клубот, но оти обезбедувањето не им дозволило. Сигурносните камери на влезот ка клубот го снимиле целиот инцидент па ќе се види што точно се случило – велат од полицијата.