Половина од транс-лицата во Русија не можат да се вработат

russia-gay-650x403

Половина од транс-лицата во Русија најчесто се одбивани за работа поради нивниот родов индентитет, покажа првото истражување од ваков вид спроведено во Русија.

Повеќето работодавци се загрижени за ризикот и проблеми за време на инспекциите, доколку вработат трансродово лице чиј изглед не се совпаќа со податоците од личните документи.

Други загрижувачки податоци се тоа дека 62 отсто од транс-лицата не аплицираат за работа од страв дека ќе бидат дискриминирани, 41 отсто избегнувата да одат на лекар или да користат јавни здравствени услуги, а 34 отсто одлучуваат да не одат на училиште или на универзитет.

Графиконот го прикажува процентот на лицата кои намерно избегнуваaт да ги користат јавните услуги.

– Пред да ја добијам новата лична крарта не патував никаде, дури и не ги посетував ниту музеите затоа што ми бараа документ да покажам дека сум Русин… Не купував ниту алкохол, ниту цигари кога бев сам – вели 22-гпдишниот Виталиј.

Истражувањето сугерира дека ваквите двоумења се последица на долгата и комплицирана процедура за промена на официјалните документи, која може да потрае и неколку години.

За правно да им биде признаен родот, транс-лицата мора да добијат психијатриска евалуација и медицински преглед, да докажат дека почнале хормонска терапија пред да поднесат барање за измена на сите официјални документи. Поради должината на процедуриата, трансродовите лица се соочувата со злоупотреба, малтретирање на работното место, а им се ускратени разни услуги само затоа што податоците од нивниот документ за идентификација не се совпаѓа со нивниот изглед и идентитет.