Со политичката криза која настана по објавувањето на аудио записите од прислушкуваните комуникации во кои се откриваат сериозни кримнални и коруптивни акти сторени од претставниците на највисоката власт во Република Македонија, потребите и проблемите на ЛГБТИ-лицата се позиционираа на дното од приоритетите на политичката агенда во државата.
Во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, Субверзивен фронт изработи детална анализа на застапеноста на ЛГБТИ-проблематиките во програмите на политичките партии, а испрати и прашалник за вклученоста на ЛГБТИ до 31 политичка партија. На прашалникот одговорија само 5 политички партии, а дополнително беа анализирани и изборните програми на дел од партиите/коалициите кои не го одговорија прашалникот.
Субверзивен фронт Ве поканува на Првата национална ЛГБТИ-конференција во Македонија, овој понеделник, 5 декември, од 10:00 до 14:00 во Бест Вестерн Хотел Турист, Скопје, и со тоа активно да учествувате во зајакнувањето на политичкиот дијалог за ЛГБТИ во Македонија.
Вклучете се во разговорот на Фејсбук и Твитер со #ЛГБТИМакедонија #5декември
П Р О Г Р А М А
09:30 – 10:00 Регистрација на учесници
10:00 – 10:30 Воведно обраќање и изјави за медиуми
г-ин Огнен Јанески – Новинар и уредник/ТВ водител во 24 Вести ТВ
10:30 – 11:00 Воведни обраќања: Застапување за ЛГБТИ правата во Македонија
г-ин Aнтонио Михајлов – Субверзивен фронт
Неговата Екселенција г-ин Ваутер Пломп – Aмбасадор на Кралството Холандија во Скопје
г-ин Доминик Готје – Заменик амбасадор на Република Франција во Скопје
11:00 – 12:00 Сесија 1. Политичката застапеност на ЛГБТИ
г-ин Антонио Михајлов – Субверзивен фронт
г-ин Ивон Величковски – Либерална партија
г-ин Мариглен Демири – Левица
г-а Драгана Кипријановска – Демократски сојуз
г-а Никица Корубин – Либерално демократска партија
г-а Лилјана Поповска – Демократска обнова на Македонија
г-а Радмила Шеќеринска – Социјалдемкратски сојуз на Македонија
12:00 – 12:15 Кафе/чај пауза
12:15 – 13:00 Сесија 2: Соработката во заштитата на ЛГБТИ-правата и еднаквоста
г-а Ива Михајловска – Канцеларија на Народен правобранител
г-а Орхидеја Каљошевска – Секретаријат за европски прашања
г-а Ѓултен Мустафова – Министерство за труд и социјална политика
г-а Александра Богдановска – Коалиција „Сите за правично судење“
г-а Натали Петровска – Aдвокатка
г-ин Aнтонио Михајлов – Субверзивен фронт
13:00 – 13:15 Завршни обраќања
13:15 – 14:00 Ручек