Поради осаменоста, геј мажите се вртат кон хемиски стимуланси за секс

osamenostРаспадот на врските најчесто е тригер за зголемено користење на дроги или на хемиски стимуланси за секс кај геј мажите, покажа научна студија спроведена во Франција.

Студијата, која е објавена во последното издание на магазинот „Современи проблемите со дрогата“ укажува на тоа дека многу млади луѓе кои користат хемиски стимуланси за секс се во длабока потрага по љубов и по емоционално поврзување со други мажи.

Истражувачите направиле 25 детални интервјуа со геј момци од Париз и од Лион, на возраст од 23 до 20 години кои користат хемиски стимуланси за секс и кои биле чести посетители на секс забави, за да добијат објаснување за појавата.

Повеќето од интервјуираните мажил имале чувство дека не се сакани, или имале неуспешна потрага на љубов.

– Страдањето и осаменост кои следат по раскинувањето на љубовна врска може да предизвика неконтролирана употреба на дрога, а чувството на „љубов“ при  употреба на хемиски стимуланси за секс и на групните секс забава може да поттикне преземање и на други ризици. Љубовните врски се клучни во симболичната и материјална поддршка во ограничувањето на користењето на дроги – вели главниот истражувач Роман Амаро.

Многу кои страдале по распадот на љубовните врски велат дека користеле дрога за да се ослободат од тешките мисли по раскинувањето и за да се чувствуваат слободно.

– Со испитување на субјективните, емоционалните и љубовните причини и групните секс забави, покажуваат како младите геј мажи во потрага по емоционална поврзаност со други мажи не обрнуваат внимание на сопственото здравје – вели Амаро.