Премиерот на Јужна Австралија Џеј Ведерил им се извини на членовите на ЛГБТ+ заедницата кои се погодени од дискриминаторската легислатива. Тој потсети на случајот на Британецот Дејвид Блумер Ризи, кој почина годинава откако за време на својот меден месец во Јужна Австралија, падна по скали и си го скрши черепот.
Бидејќи Јужна Австралија не го признава истополовиот брак, вдовецот Марко Булмер Ризи, добил посмртница во која никаде не стои дека биле в брак.
Ведерхил лично му се јавил на вдовецот Булмер Ризи за да му објасни зошто така стои во посмртницата и да изрази надеж дека тоа ќе се среди со измена на легислативата.
Сепак, Ведерил истакна дека има многу други случаи кои се погодени од дискриминаторската легислатива, како на пример случајот со Медлин, која не можела да го смени родот на својата возачка дозвола и покрај нејзиниот изглед и писмото од лекар, само затоа што во изводот од книга родените е запишана како машко. Тој посочи пример и на лезбијска двојка, на која им бил забранет пристап до третман за плодност, поради нивната сексуална ориентација.
– Не понижуваат со тоа што велат дека одредени луѓе заслужуваат да бидат третирани поинаку, бидејќи нивните врски се помалку вредни, нивните семејства не треба да постојат, со тоа што ги им дозволуваат да ги уживаат истите фундаментални права како и нивните соседи. Зборував со геј маж и го прашав што му значи ова извинување, а тој ми рече дека пораснал во време кога хомосексуалноста била забранета и оти го болело тоа што додека растел не можел да види иднина за себе си во земјата. Затоа, на него и особено на денешните млади сакам да им кажам дека ОК е тоа што сте и сте добредојдени во заедницата на Јужна Австралија. Денеска како премиер и како член на Парламентот, формално ви се извинувам на сите вас кои сте биле жртви само поради тоа што сте – рече Ведерил.