Четвртата Парада на гордоста „Монтенегро Прајд 2016“, која викендов се одржа во Подгорица во организација на „Квир Монтенегро“, мина без инциденти.
Неколку десетици ЛГБТ активисти и нивни поддржувачи побараа прифаќање и поддршка од своите семејства. Учесниците на маршот, под слоганот „Поддршка – семејна вредност“ прошетаат неколку стотина метро низ центарот на Подгорица.
– Бараме поддршка од оние кои најмногу ни значат, затоа што само ако им соопштиме на семејствата дека сме тоа што сме, можеме да имаме искрен и вистински однос – рече претседателот на „Квир Монтенегро“, Даниел Калезиќ.
На маршот присуствуваа членови на семејствата на припадници на ЛГБТ заедницата, претставници на црногорската влада, дипломатскиот кор, невладини организации, медиуми и политички партии.
Министерот за човекови и малцински права, Мехмед Зенка им честита на организаторите за „свеста, силата и вербата во тоа што го прават“. Тој порача дека владата на Црна Гора е одлучна во намерата да продолжи со работата за унапредување на соработката со ЛГБТ заедницата.
Присутните носеа транспаренти на кои беше испишано „еднаквост за сите“, „семејство за сите“, а за време на маршот, жителите од околните згради ја поздравија поворката.
Полициските активности придонесоа собирот да мине во мирна атмосфера, согласно планот на организаторот. Црногорското министерство за внатрешни работи спроведе превентивни плански активности кои обезбедија создавање услови за безбедно одвивање на јавниот собир.