Хрватското министерство за култура за прв пат одби финансиски да ја помогне Парадата на гордоста во Загреб

zagreb-prajd

Хрватското министерство за култура за прв пат нема финансиски да го помогне организирањето на загрепската Парада на гордоста, која треба да се одржи следната година, ниту пак ќе помогне со попратните активности, соопштија од здружението „Загреб Прајд“.

„Ја известуваме јавноста, посебно сите лезбијки, геј, бисексуални, трансродови, транссексуални, интерсексуални и квир лица, како и нашите поддржувачи и поддржувачки дека Министерството за култура, како последица на идеолошкото кадрирање  на поранешниот министер Златко Хасанбеговиќ во културните совети, одби да додели средства од Програмата за јавни потреби во културата во 2017 година за организирање на 16 Марш на гордоста и попратните културни и јавни настани, познати како Месец на гордоста. Тоа е прв пат откако „Загреб прајд“ пријавува настани од јавен интерес во културата – Марш на гордоста и културните содржини кои му претходат, Министерството за култура, кој е наш долгогодишен партнер и поддржувач да не ни даде поддршка“, стои во соопштението од организацијата.

Златко Хасанбеговиќ
Златко Хасанбеговиќ

Од „Загреб прајд“ велат дека Министерството за култура досега со години издвојувал симболична сума од 1.300 до 2.600 евра за Маршот и Неделата на гордоста, што претставува третина од вкупната сума за настанот. Останатите средства досега се обезбедувале од Град Загреб и од донации на граѓани и граѓанки.

За 16-от Прајд е планирано да се прошират содржините за LGBTIQ заедницата и наместо Недела на гордоста да се организира Месец на гордоста, кој ќе трае од 17 мај (Меѓународниот дена за борба против хомофобијата и трансфобијата) до 10 јуни, кога ќе се одржи и 16 Марш на гордоста. Во тој период ќе се одржат бројни културни, јавни, уметнички перформанси и изложби, како и активистички содржини од јавен интерес за потребите на LGBTIQ заедницата.

Од „Загреб прајд“ велат дека скратувањето на овие симболични средства е уште еден доказ за политичкиот притисок што им се врши бидејќи минатата година отворено ги критикувале чекорите на поранешниот министер за култура. Тие истакнуваат дека ниту еден друг ЛГБТ настан од јавен интерес за LGBTIQ заедницата не добил финансиска помош од Министерството за култура, што е, како што велат уште едена потврда на обидите на поранешниот министер за култура да го тргне LGBTIQ лицата од очите на јавноста и да ги направи невидливи.

„Ние и понатаму ќе продолжиме да ги браниме правата, честа и достоинството на ЛГБТ лицата во Загреб и во Хрватска и нема да се жалиме за оваа одлука. Се додека има луѓе зад нас, ќе има и Прајд, без разлика кој ќе биде на чело на Министерството за култура“ стои во соопштението на „Загреб прајд“.