Врвен теолошки колеџ повика да се користат родово-неутрални термини кога се зборува за Господ

Еден од врвните теолошки колеџи повика на употребата на родово-неутрални термини кога станува збор за Бог, со цел да се избегне родовата пристрасност.

„Виклиф Хол“, која е разгранок на Универзитетот „Оксфорд“, воспостави серија правила со кои се промовира инклузивен јазик меѓу професорите и студентите.

Според новите правила,  при говорење за Господ треба да се избегнува употребата на заменката од машки род „тој“, а наместо тоа се препорачува формулацијата „the one who“. Исто така, треба да се избегнува зборот „mankind“, во чиј корен е зборот „маж“, а наместо него да се употребува „humankind“ (човештво).

Во документот се наведува дека „патријахалната мажественост станала форма за отуѓување на многу жени, но и за многу мажи.

Студентите и професорите се повикуваат да ја користат „Новата интернационална верзија на библијата“ во која се користи родово-неутрален јазик.

Според професорот по филозофска теологија на Кембриџ, Џенет Соскис, воведувањето на инклузивен јазик има свои предности, но и недостатоци.

– Не може да ја исчистите историјата. На еден американски универзитет е забрането во капела да се користи фразата „Отецот, синот и светиот дух“. Тоа значи дека службата Света Евхаристија не може да се врши. Со секој добивка, има и загуба – вели Соскис.

Одлуката на „Виклиф Хол“доаѓа неколку дена откако предводникот на Слободната црква на Шкотска изјави дека ЛГБТ-инклузивното образование е „тројански коњ“ за злоупотреба на децата.

Лидерот на црквата, Дејвид Робертсон, кој во моментов е помошник директор на Центарот за јавно христијанство „Солас“, ги изнесе ваквите тврдења откако премиерката на Шкотска, Никола Стурџен го поддржа инклузивното сексуално образование.

Шкотската лидерка минатата недела одговори на кампањата на „Тајм“ за инклузивно образование и вети дека законот ќе го достави пред шкотскиот парламент со цел да ја направи законски задолжителна ЛГБТ-инклузивност.

Сепак, во колумна објавена во весникот „Скотсмен“, Робертсон ја нападна кампањата истакнувајќи дека чекорот со кој ќе им се каже на петгодишниците дека можат да идентификуваат како што сакаат, не е мудра, па дури претставува и најлоша злоупотреба на децата од државата“.

– Кампањата на инклузивност е тројански коњ кој се обидува да ги индоктринира сите деца со оваа идеологија и да не дозволи пренасочување од неа. Инклузивна е само во смисла дека сака да ја направи задолжителна за децата, без разлика на тоа што нивните родители сакаат – рече Робертсон.