Европскиот суд за човекови права ја казни Русија поради блокирањето на Маршот на гордоста во Санкт Петербург.
Руските власти треба да им исплатат оштета од 27.500 евра на ЛГБТИ активистите Јури Гавриков, Александар Шеремеијев, Дмитрил Милов и Марија Јафременкова поради постојаното одбивање на нивното барање за парада во Санкт Петербург.
Активистите сакале да одржат марш, на кој како што велат ќе учествувале околу 500-600 лица во центарот на Санкт Петербург.
Одделот за безбедност на градот одбил да им ја одобри првичната рута со образложение дека ќе го попречи нормалното функционирање на градот. По ваквиот одговор, активистите поднеле алтернативна рута и програма, но повторно биле одбиени со образложение дека настанот е „несоодветен“.
– По седум години конечно издејствувавме победа за Парадата во Санкт Петербург, со потврдата дека властите го прекршиле нашето право за собирање – изјави Гавриков.
Сепак, ситуацијата во Русија е многу порестриктивна во поглед на слободите. Градските собранија секоја година ги забрануваат маршовите и собирите на многу млади лица, не само за ЛГБТ, но се одобруваат настаните на поддржувачите на партијата Обединета Русија на Владимир Путин.
Активистите велат дека пресудата најверојатно нема ништо да промени во однос на слободата на изразување, особено имајќи предвид дека следната година треба да се одржат претседателски избори. Тие на одлуката на судот гледа како на симболичен знак за подобра иднина, зрак светлина во тмурните денови и најавија дека ќе продолжат да се борат за ЛГБТ правата и за организирање Парада на гордоста