Од денеска во Словенија истополовите двојки легално можат да стапат во брак

Словенија од денеска овозможи истополовите двојки да стапат во брак и да ги уживаат речиси истите права како и двојките од различен пол, но немаат право на посвојување.

Директорката на матичната служба во Марибор, Ксенија Клампфер изјави дека првиот истополов брак во овој град ќе биде склучен утре.

– Пресреќни сме и горди што ќе ја имаме првата истополова венчавка. Сметаме дека таквите бракови се важен чекор кон формирање инклузивно општество, каде сите лица имаат еднакви права – изјави Клампфер

И останати членки на ЕУ правно ги признаа истополовите бракови, вклучувајќи ја Британија, Франција и Шпанија.

Законот за истополовите двојки е усвоен пред 10 месеци, откако на референдум одржан во декември 2015 година е отфрлена можноста истополовите двојки да имаат можност да посвојуваат деца.

Градските претставници во Љубљана соопштија дека ниту еден истополова двојка не се регистрирала во главниот град на Словенија.

Активистите за ЛГБТ права велат дека уште многу работи треба да се сменат во Словенија. Покрај тоа што на ЛГБТ лицата не им се дозволува да посвојуваат деца, тие немаат право ниту на вештачко оплодување.

– Се уште сме далеку од посакуваната цел… Ако сакате целосно да ги признаете човековите права тогаш мора целосно да се применуваат за сите. Новиот закон решава само некои проблемите, но не и основниот проблем дека сите луѓе во државата треба да имаат исти права“, вели геј двојката Јуре Поглајен и Давид Зорко во заедничка изјава.

Истополовите двојки во Словенија, која е членка на ЕУ, имаа можност да ја регистрираат својата врска уште во 2006 година. Тие можат да ги посвојат децата на своите партнери, од нивните претходни врски, но немаат право да посвојуваат деца на други.