Истополовите бракови од денеска се реалност и во Финска

Финска денеска станува последната скандинавска земја во која истополовите двојки ќе можат да стапат во брак.

Финскиот Парламент уште во ноември 2014 година, со 105 гласа „за“ и 92 „против“ го изгласа законот за истополов брак, но анти-ЛГБТ организациите покренаа петиција и на референдум го присилија Парламентот повторно да дебатира за ова прашање и повторно да гласа.

Околу 100,000 лица ја потпишаа петицијата на „Асоцијација за вистински брак“ и се надеваа дека после изборите во април 2015 година, со промената на власта, партијата која претходно противеше на истополовиот брак, ќе го запре законот.

На 17 февруари годинава, две недели пред законот да стапи на сила, пратениците повторно гласаа, а овој пат брачната еднаквост доби уште поголема поддршка во споредба со 2014 година. Вкупно 120 пратеници гласаа „за“, а само „49“ беа против и двајца беа „воздржани“. Останатите 29 пратеника не беа присутни на седницата.

Повеќето од пратениците кои гласа против се од десничарската Партија на Финците, која се противи не само на истополовите бракови, туку и на правото вие двојки да посвојуваат и да користат ин-витро забременување

Истополовите двојки во Финска од 2002 година имаат цивилно партнерство. Воведувањето на истополовите бракови беше одложено со цел да се направат потребните измени на останатите закони и истите да бидат имплементираат.