Деведесет и петгодишниот Роман Бленк, кој е и прадедо одлучи конечно јавно да признае дека е геј.
Во интервју со познатиот јутубер Дејви Вејви, Бленк вели дека знаел дека е геј уште кога имал пет години.
– Можете да замислите 90 години да се криете – вели низ смеа Бленк.
Прадедото го преживеа го холокаустот и бидејќи не можел да живее без да биде кривично гонет поради својата сексуална природа, се оженил со Рут, со која имал две деца.
Но, Рут ја дознала вистината откако родила две деца. Тој минатата година седнал со семејството и им раскажал за својата борба која со години ја има поради својата скриена геј ориентација.
Кога го прашале дали би сакал да има дечко или сопатник на 96 години, Блек одлучно вели „Да!“
Сепак додава дека не му треба физичка или ментална поврзаност, едноставно сака да го почувствува чукањето на срцето.
„Сакам да можам да заспијам покрај некого, кој ми е близок, но на кого му треба вакво старо-аро- вели Бленк.
Приказната на Роман Бленк ќе биде прикажана во новиот документарец „ On My Way Out“ („На излегување“), кој е напишан и режиран од неговиот внук Брендон Грос.
– Минатата година, мојот 95-годишен дедо на нашето семејство му соопшти дека цел свој адолесцентен живот живеел како притаен геј маж. Лицата кои го преживеале холокаустот и кои изгубиле членови на семејство , имаат живот полн до црнила. Но, некако нивниот дух им помогнал да опстанат и да „успеат“ во Америка – вели Грос.