2016 Годишен наративен и финансиски извештај за С-Фронт

Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ од Скопје, Македонија е основано на 23 јуни 2013 година со една од главните цели да го понатаму развива активизмот за ЛГБТИ права во Македонија, и со тоа да додаде вредност на пошироката кампања за еднакви права и слободи за ЛГБТИ лицата. Со примена на неконвенционален, непатријархален, нехетеронормативен пристап во работата со различните стеикхолдери – државните институции, политичките партии, медиумите, членовите и членките на ЛГБТИ заедницата, останатите ЛГБТИ организации како и пошироката јавност, Субверзивен фронт успеа да оствари мерливи и проверливи резултати во улогата на актер на граѓанското општество и на агент на општествени промени. Посебно во 2016 год., Субверзивен фронт успеа да стане важен актер во отворањето и понатамошното зајакнување на дијалогот за ЛГБТИ проблемите и потребите во јавниот дискурс, во зголемувањето на посветеноста во остварувањето на ефективни напори на застапување, посебно кон релевантните државни органи, во прибирањето на важни податоци за конкретни горливи ЛГБТИ проблеми, и во мобилизацијата на индивидуи посветени во нивниот ангажман во кампањата за ЛГБТИ еднаквост. Во изминатата година, исто така растевме како организација и ги зајакнавме нашите капацитети за понатамошен развој, и со тоа ги поставивме основите за преземање на попредизвикувачки и поповолни чекори кон осигурувањето на целосната еднаквост и права на луѓето кои не се идентификуваат со доминантните хетеронормативни и патријархални норми и вредности во општеството.

Сè од ова горенаведеното не би можело да се случи без големата поддршка и неизмерниот придонес од сите наши донатори и партнери, но најважно од страна на посветените и истрајни индивидуи од Субверзивен фронт. Од сè срце им се заблагодарувам на сите кои придонесоа во тоа Субверзивен фронт да ја оствари улогата на релевантен актер на граѓанското општество во подобрувањето на состојбата и правата на ЛГБТИ лицата во и надвор од Македонија.

Извештајот може да го преземете овде: 2016, Годишен извештај, С-Фронт.

Претседател

Антонио Михајлов

02.03.2017