Ватикан со отворени раце го пречека геј премиерот на Луксембург и неговиот сопруг

Папата Франциск минатата недела го прими во Ватикан единствениот геј лидер во светот и неговиот сопруг.

Католичките власти го поканија премиерот на Луксембург, Ксавие Бетел и неговиот партнер Готје Дестне да ја посетат светата престолнина.

Архибископот Гансвајн, кој беше личниот секретар на папата Бенедикт 16 се сретна со двојката. Бетел и Дестне им се приклучија на европските лидерите на влади на прославата по повод 60 години од потпишувањето на Римскиот договор.

Премиерот на Луксембург и неговиот партнер се сретнаа и со папата Франциск.

„Ни беше задоволство и чест, заедно со Дастне да бидеме добродојдени од поглаварот на Римокаточичката црква“, твитна Бетел по средбата.

Ватикан ги пречека Бетел и Дестне како и сите други брачни двојки. Посетата доаѓа два години откако Ватикан одби да го прифати геј дипломатот на Франција, кого претседатeлот Франсоа Оланд го предложи.