Во Чеченија се отворени првите концентрациони логори за геј во светот, неполн век откако во 30 години на минатиот век за првпат во човековата историја го направи нацистичкиот лидер Адолф Хитлер. Активистите за човекови права тврдат дека повеќе од 100 геј лица се затворени и подлегнати на мачење со електрошок терапии и тепање до смрт.
Еден од оние кои успеале да побегнат од чеченскиот логор, како што пренесуваат светските медиуми, вели дека вработените во логорот со тепање се обидуваат да ги натераат затворениците да ги откријат имињата на останатите припадници на геј заедницата.
Весникот „Новоја газета“ минатата недела објави дека повеќе од 100 припадници на геј популацијата се уапсени, додека тројца се убиени. Меѓу уапсените има познати локални телевизиски и верски личности.
Чеченскиот весник тврди дека претседателот Разман Кадиров, кој е близок до рускиот претседател Владимир Путин, наредил остри мерки, додека чеченските власти официјално го негираат апсењето.

„Новоја газета“ тврди дека чеченските власти отвориле неколку такви логори во кои геј лицата ги чека смрт или пак се присилени да ветат дека ќе ја напуштат земјата.
Еден од логорите, наводно се наоѓа во поранешната воена база во градот Аргуна.
– Ги апсат хомосексуалците, а ние се обидуваме да ги евакуираме од логорите. Некои го напуштија регионот – вели за Светлана Захарова од руската ЛГБТ мрежа.
Таа вели дека оние кои успеале да побегнат од логорите велат дека сите се затворени во иста просторија, 30-40 лица, а ги мачат со електрошокови и немилосрдно ги тепаат, а понекогаш и до смрт.

Еден од побегнатите затвореници тврди дека пред да биде затворен во еден од логорите, бил принуден секој месец да и плаќа мито на чеченската полиција во висина од повеќе илјади рубљи за да преживее.
Александар Артемјев од „Амнести интернешенел“ во Русија ги повика руските власти да ги истражат ваквите наводи, истакнувајќи дека геј лицата во Чеченија се на удар на сурови мерки и на секојдневен прогон, но оти се плашат јавно да проговорат.
– Тие мора да се кријат или да ја напуштат републиката – вели Артемјев.
Руските медиуми тврдат дека уапсените се на возраст од 15 до 50 години, додека „Њујорк тајмс“ пишува дека геј лицата во Чеченија ги бришат своите профили од социјалните мрежи откако е појавиле информациите дека властите ги користат мрежите за да ги намамат на состанок, а потоа да ги уапсат.