Политичар ја тужи Германија поради забраната на истополовите бракови

Геј политичар ја тужи Германија поради тоа што не успеала да воспостави брачна еднаквост. Фолкер Бек ја претставува Партијата на Зелените во германскиот Бундестагот од 1994 година. Тој е еден од главните активисти за истополовите бракови уште од 1992 година, а се смета и за татко на цивилното партнерство во Германија.

Тој вели дека веќе му е преку глава од тоа што владата одбива да гласа за брачна еднаквост иако во последните три и пол години дебатирале за тоа повеќе од 30 пати.

Бек вчера во име на Партија на Зелените достави тужба против Бундестагот до германскиот Сојузен уставен суд.

– Време е да се направи вистинската работа, односно да се признае еднаквото достоинство и права на ЛГБТИ лицата. Отфрлањето на нацрт законот со кој треба да се отстрани забраната на браковите за истополовите двојки, уште од почетокот на парламентарниот мандат па досега, претставува грозна неуставна злоупотреба на парламентарното мнозинство во коалиционата влада – рече Бек.

Тој се повика на член од Уставот на Германија кој јасно наведува дека Бундестагот мора да дебатира со дебати за сите нацрт закони во „соодветен временски период“.

На власт во Германија е коалицијата составена од Социјалдемократската партија и конзервативната Демокристијанската унија на Ангела Меркел.

Вообичаено, процедурите во судот, во повеќето случаи траат околу една година, но Зелените побараа случајот да му се додели на судскиот правен комитет. Доколку се одобри барањето, Бундестагот ќе треба да го покрене ова прашање пред одржувањето на следните парламентарни избори, закажани за 24 септември.