По повод 17 Maj – Меѓународниот ден на борба против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата – IDAHOBIT 2017, Субверзивен фронт во соработка со Стоунвол федерацијата од Обединетото Кралство и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје учествуваа на ревијален фудбалски натпревар каде играчите беа ЛГБТИ и не-ЛГБТИ лица со цел да се оснажи учеството на ЛГБТИ лицата во спортската сцена.
Натпреварот се оддржи во спортската сала “Јане Сандански” – Скопје на 21 мај 2017 година. Учество земаа претставници на Британската амбасада вклучувајќи го и амбасадорот Чарлс Гарет, Холандската амбасада со Заменик мбасадорот Андри ван Менс и Шведската амбасада со Заменик амбасадорот Антон Иреквист како и претставници на невладини организации и лица од ЛГБТИ заедницата. Поддршка искажаа и десетици навивачи од трибините.
На натпреварот беа поделени врвки за патики во боја на виножито како дел од кампањата “Спортот е игра за сите” за намалување на хомофобијата во спортот на Стоунвол федерацијата од Велика Британија.
За крај на натпреварот учесниците од Британската амбасада донесоа торта во бои на виножитото.